Танзанските власти формираа специјална единица за лов на хомосексуалци

Од:

Дар Ес Салама, најбогатиот град и покраина во Танзанија формираше единица за откривање хомосексуалци, и таа ќе почне со работа идната седмица, соопшти гувернерот на областа, Пол Маконда.

Припадниците на таа посебна единица единица ќе имаат задача, на пример, да ги следат социјалните мрежи со цел да се уапсат тие кои живеат во истополови заедници.

Хомосексуалноста во Танзанија е казнива, и земјата е постојано критикувана од меѓународната заедница. И формирањето на оваа единица се очекува да предизвика многу негативни реакции.

– Повеќе сакам светот да ми се лути, отколку Бог, истакнува Маконда. Тој додава и дека оваа борба освен тоа, ќе значи и строги казни за порнографија. – Ги предупредувам луѓето да ги избришат сите порно-фотографии од своите мобилни телефони, нагласи гувернерот.

Во таа насока, затворени се и клиниките за лекување од ХИВ, оти властите ги обвинуваат тие лица за промовирање на хомосексуалноста.

Би можело да ве интересира

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија

ВИДЕО: Патнички авон падна во езерото Викторија, во тек се спасувачка акција

Катерина Ѓуровски

Девет лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати, во бродолом во Индискиот Океан

Ана Ололовска

Тројца полицајци и член на обезбедување убиени пред француската амбасада во Танзанија

А1он

Самија Сулуху Хасан положи заклетва како прва жена претседател на Танзанија

Танзанискиот „ковид-скептик“ претседател почина од наводна срцева болест