Танзанија „избриша“ десет илјади „фантомски“ работници во јавниот сектор

Од:

Властите во Танзанија извршиле „прочистување“ на јавниот сектор во оваа источноафриканска земја, бришејќи десет илјади „фантомски“ работници кои никаде не постоеле, но редовно земале плата.

Бришењето на овие „фантомци“ за кои државата месечно трошела за плати по два милиони долари, е направено во рамките на широката операција за борбата со корупцијата, соопшти кабинетот на премиерот Касим Маџалива.

Во соопштението се вели дека владата е решена да ја продолжи оваа операција, со елиминирање на корупцијата во администрацијата и во јавниот сектор.

Властите во Дар ес Салам веруваат дека во земјата има уште многу „фантомски“ вработувања за кои државата троши милионски износи за плати и за разни други давачки.

Операцијата ја покрена претседателот на Танзанија, Џон Магуфули кој веднаш по изборите во октомври минатата година, најави пресметка со корупцијата и кратење на државната администрација и целиот јавен сектор.

Танзанискиот претседател побара и скратување на вкупните државни трошоци, па одлучи, како мерка за штедење да нема официјално прославување, со паради, на денот на независноста.

Танзанија троши за плати секој месец по 260 милиони долари за околу 550 илјади вработени во јавниот сектор на државата.

Транспаренси Интернешенел ја има рангирано оваа земја на 112 место, од вкупно 167 држави во светот, според индексот за корупција.
„фантомските“ вработувања и таквите „работници“ во јавниот сектор, не е само проблем на Танзанија, туку и на уште десетина други африкански држави.

Би можело да ве интересира

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија

ВИДЕО: Патнички авон падна во езерото Викторија, во тек се спасувачка акција

Катерина Ѓуровски

Девет лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати, во бродолом во Индискиот Океан

Ана Ололовска

Тројца полицајци и член на обезбедување убиени пред француската амбасада во Танзанија

А1он

Самија Сулуху Хасан положи заклетва како прва жена претседател на Танзанија

Танзанискиот „ковид-скептик“ претседател почина од наводна срцева болест