Талибанците во Пешавар убија 141 лице

Од:

Вооружените талибанци во денешниот напад врз военото училиште во Пешавар, во северозападен Пакистан, убија 141 лице, од кои 132 ученици, а пакистанските безбедносни сили по осумчасовна акција ги ликвидираа сите напаѓачи.

Портпаролот на пакистанската армија Асим Баџва изјави дека во нападот загинале 141 луѓе, од кои 132 деца и деветмина членови на училишниот персонал. Тој посочи напаѓачите носеле и експлозив на себе.

– Напаѓачите немаа намера да земат заложници, откако упаднаа во училиштето веднаш почнаа да пукаат, истакна Баџва, додавајќи дека најмалку 122 лица се повредени од кои најголемиот број ученици.

Талибанците соопштија дека во училиштето испратиле шест вооружени луѓе, кои на себе носеле и експлозив.

Во училиштето имало околу 500 ученици и професори.

– Операцијата е завршена, безбедносните сили расчистуваат и се надеваме дека зградата набрзо ќе биде исчистена. Телата на шестемина напаѓачи се пронајдени во зградата, наведе претставникот на пакистанската полиција Абдулах Кан.

Портпаролот на талибанците Мохамед Курасани во телефонски разговор со пакистанските медиуми ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи дека бил изведен во знак на одмазда поради нападите на пакистанската армија врз семејствата на милитантите.

– Одлучивме да го нападнеме ова воено училиште бидејќи Владата ги убива нашите семејства и жени. Сакаме и тие да почувствуваат болка каква што ние имаме почувствувано, рече Курасани.

Пакистанскиот министер за полиција Раџнат Синг истакна дека нападот во Пешавар го отсликува „вистинското лице на тероризмот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Пакистански командоси убија 26 талибански борци и ослободија заложници

А1он

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он