Пакистански командоси убија 26 талибански борци и ослободија заложници

Од:

Пакистанските воени командоси денеска убија 26 талибански борци во операција за ослободување на полицајци кои беа заложници три дена во центар за борба за тероризам во градот Бану, јави ДПА.

Извор од разузнавањето рече дека сите напаѓачи кои го зазеле центарот во неделата се убиени. Според него, ослободени се најмалку осум заложници, а некои од нив се повредени. Во операцијата се повредени пет војници и тројца командоси.

– Најмалку четири силни експлозии се слушнале кога командосите упаднале во центарот, по што следела жестока престрелка, изјави полициски претставник кој сакаше да остане анонимен.

Според разузнавачкиот извор, операцијата започнала откако пропаднале разговорите со пакистанските талибанци за решавање на заложничката ситуација.

Безбедносните сили соопштија дека сите заложници се спасени. Според претставник на локалните власти, напаѓачите кои го зазеле центарот сакале безбедно да преминат во соседен Авганистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се урна незавршен мост во Пакистан

Ана Ололовска

Министер од Пакистан дома имал приватен затвор

Горан Наумовски

Најмалку 14 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пакистан

Телото на Мушараф пренесено во Пакистан

Ана Ололовска

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во пакистанската џамија достигна 89