Талибанците не ја даваат воздухопловната база „Баграм“

Од:

Владата на Талибанците во Авганистан го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на воздухопловната база Баграм, четири години откако хаотичното американско повлекување од Авганистан го остави раскошниот воен објект во нивни раце.

Според АП, главниот портпарол на Талибанците, Забихула Муџахид, го отфрли повикот на Трамп и ги повика САД да усвојат политика на „реализам и рационалност“.

Авганистан има економски ориентирана надворешна политика и бара конструктивни односи со сите земји врз основа на меѓусебни и заеднички интереси, рече Муџахид во објава на платформата X.

„Треба да се потсетиме дека според Договорот од Доха, САД се обврзаа да не користат или да не се закануваат со сила против територијалниот интегритет или политичката независност на Авганистан, ниту да се мешаат во неговите внатрешни работи“, рече Муџахид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски

Трамп: Сето ова е огромна измама