Талибанците кренаа во воздух камиони на НАТО

Од:

Триесет и седум камиони со гориво за НАТО силите „одлетале во воздух“, кога на премин помеѓу Авганистан и Пакистан биле нападнати од тројца Талибански бомбаши-самоубијци.

Како што соопшти авганистанската погранична полиција, камионите се наоѓале на паркинг на граничниот премин.

Во текот на судирите со полицијата, двајца од бомбашите се убиени, додека третиот успеал да го активира експлозивот, кој се наоѓал на него.

Како што пренесуваат агенциите, Талибанците презеле одговорност за овој напад.

Преминот Торкам се наоѓа на една од главните рути за дотур, која го поврзува пакистанското пристаниште Карачи со базите на НАТО во Авганистан.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина