Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

Од:

Талибанските власти им наредија на сопствениците на сите забавни паркови во Авганистан да не им дозволат на жените да влегуваат, што е уште една забрана со која соочуваат Авганистанките.

Мохамед Садек Акиф Мухаџир, портпарол на талибанската полиција за морал, позната како Министерство за пропагирање на доблест и спречување на пороците, ја потврди веста за ДПА, но одби да коментира за причината.

Министерството во март нареди сите забавни паркови во градот Кабул да бидат сегрегирани врз основа на пол.

Талибанската влада постепено воведува ограничувања во јавниот живот откако се врати на власт за време на хаотичното повлекување на силите на НАТО предводени од САД во август 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Пакистански командоси убија 26 талибански борци и ослободија заложници

А1он