Талибанците го повикаа НАТО да стави крај на „окупацијата“ на Авганистан

Од:

Талибанците го повикаа НАТО да стави крај на „странската окупација“ на Авганистан.

– Единствено успешно решение за кризата во Авганистан е да се стави крај на странската воена окупација. Тоа е очигледна реалност, нагласија талибанците во своето соопштение, кое е објавено денеска во пресрет на самитот на Алијансата во Велс, кој почнува утре.

Авганистан ќе биде една од главните теми на самитот. Лидерите на НАТО ќе дискутираат за завршувањето на воената мисија на НАТО во земјата, што е предвидено да се случи кон крајот на оваа година.

Авганистан на самитот ќе има свој претставник, но нема да биде претставен на ниво на претседател поради внатрешно политичката криза. Имено и двајцата кандидати за претседатели Ашраф Гани и Абдула Абдула тврдат дека победиле на изборите во јуни.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина