Талибанците го потврдија убиството на Мансур, нов лидер – Хајбатула Ахунзада

Од:

Талибанците официјално ја потврдија денеска смртта на нивниот лидер мулата Ахтар Мансур, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало. Тие го избраа Хајбатула Ахунзада за нов лидер, се вели во писменото соопштението на портпаролот на талибанците Забиула Муџахид. 

Мулата Манасур беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Пакистан во саботата.  Тој ги предводеше талибанците од минатата година по смртта на неговиот претходник мулата Мохамед Омар.

Талибанците за негов наследник го избраа Ахунзада, поранешен раководител на судскиот систе на исламистичкото движење. Ахузанда е избран на средба со талибанските лидери, за која се смета дека била одржана во Пакистан.

За заменици на новиот лидер се избрани Сираџудин Хакани, раководител на мрежата Хакани, која е обвинувана за повеќе бомбашки напади во Кабул изминатите години и синот на покојниот мула Омар, Мула Мохамед Јакуб.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Пакистански командоси убија 26 талибански борци и ослободија заложници

А1он

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он