Талибанците ги предупредија Американците: Ќе имате последици доколку не ги прекинете нападите со беспилотни летала

Од:

Талибанците денеска предупредија на последици доколку САД не ги прекинат летовите на своите беспилотни летала во воздушниот простор на Авганистан.

„Со операциите со беспилотни летала над Авганистан, САД ги прекршија сите меѓународни правила, закони и обврски што ги преземаа кон талибанците во преговорите во главниот град на Катар, Доха“, се наведува во нивното соопштение на Твитер, пренесено од британските медиуми.

Талибанските власти ги повикаа сите земји, особено САД, да го третираат Авганистан во рамките на меѓународното право, законите и обврските со цел да спречат какви било негативни последици.

Американските власти досега не излегоа со коментар на предупредувањето.

Би можело да ве интересира

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови