САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Од:

Соединетите држави денеска предложија план за продолжување на примирјето во Појасот Газа во април, по Рамазан и Пасха, а планот ќе го премости јазот меѓу Израел и Хамас, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека предлогот дава повеќе време за преговори за траен прекин на воените дејствија, пренесува Ројтерс.

„Преку нашите катарски и египетски партнери, на Хамас му беше кажано дека овој „мост“ ќе треба да се спроведе наскоро и дека двојниот американско-израелски државјанин Едан Александар мора веднаш да биде ослободен“, додаде Белата куќа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка