Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

Од:

Односите меѓу Владата и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и тие со администрацијата во американската Амбасада тука се на ултра високо ниво, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес- конференцијата по извршениот увид на градежни активности во Ѓорче Петров.

Премиерот Мицкоски коментирајќи го случајот со одбиената американска виза на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, порача да не се избрзува со заклучоци.

-Јас не би избрзувал со заклучоци поврзани со визата, да почекаме, што ако добие најскоро тогаш што правиме што ќе се случи?! Затоа да не брзаме, знаеме точно што правиме нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на државата и граѓаните, изјави Мицкоски.

Американската амбасадорка Анџела Агелер вчера во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.

– Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Би ве упатила кај министерот да ви каже за тоа што се случило, но, исто така, ќе кажам дека секој апликант за американска виза, процесот за добивање на американска виза му се објаснува на поединецот, а доколку има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето, рече Агелер.

Би можело да ве интересира

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иран се заканува со силен одговор на каков било напад, Емиратите стравуваат од нова војна

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он