Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Од:

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој договор ќе биде според условите на Москва, пренесува Ројтерс.

– Русија напредува и затоа ќе биде поинаку, рече Константин Косачев, претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата и додаде:

„Сите договори – со целосно разбирање за потребата од компромис – ќе бидат според нашите услови. И ова не е фалење, туку разбирање дека вистинските договори се уште се пишуваат таму, на бојното поле. Тоа треба да го разбереме и во Вашингтон.

Вчера американските и украинските делегации почнаа мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија.

Киев на преговорите го претставуваа министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров, додека американската делегација ја предводеше државниот секретар Марко Рубио. Средбата траеше осум часа, а целта беше да се врати довербата и да се зајакне стратешкото партнерство меѓу Киев и Вашингтон по неодамнешните тензии.

Украина конечно ја потврди подготвеноста да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, кој може да се продолжи со согласност на сите страни, под услов Русија да се согласи и истовремено да го спроведе.

Би можело да ве интересира

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Бин Салман двапати го повика Трамп: САД да ги нападнат Хутите

Песков: Литванија ќе биде мета доколку распореди нуклеарно оружје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“