Талибанците бараат САД да запрат со евакуација на квалификувани Авганистанци

Од:

САД мора да престанат со евакуација на квалификувани Авганистанци, изјави денеска портпаролот на талибанците и воедно ги предупреди западните сили дека нема да биде продолжен рокот за напуштање на земјата на 31 август.

Исламистичката група рече дека Американците земаат „авганистански експерти“, како што се инженери, од Авганистан. – Бараме од нив да го прекинат овој процес, рече портпаролот Забихула Муџахид на прес -конференција во Кабул.

Главниот портпарол на Талибанците упати серија барања за време на денешниот пренос во живо, додека се интензивираат операциите предводени од САД за евакуација на илјадници луѓе од Кабул.

Портпаролот ја повтори претходната изјава на групата дека Ттлибанците не дозволуваат САД да го продолжат рокот за целосно повлекување.

– Имаат авиони, го имаат аеродромот, треба да ги извлечат своите граѓани и изведувачи одовде, рече Муџахид.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека се надева дека ќе се држи до крајниот рок до 31 август, но се соочи со притисок од европските сојузници и Британија да го помести датумот. Според американската влада, околу 50.000 странци и Авганистанци ја напуштиле земјата преку аеродромот во Кабул, откако талибанците ја зазедоа земјата пред девет дена.

Многу Авганистанци стравуваат од повторување на бруталното толкување на шеријатскиот закон што талибанците го воведоа кога првпат ја преземаа власта во 1996-2001 година и од одмазда за соработување со САД во изминатите две децении.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски