Тајвански туристи во Кенија „насилно“ внесени во авион за Кина

Од:

Властите на Тајван ги обвинија кениската полиција и Кина за примена на „насилство и брутална сила“ врз 37 Тајванци кои престојувале во Кенија, со цел да се качат во авион за Пекинг.

Тајваннците биле обвинети за „измама“ и депортирани од Кенија, но не во Тајван, туку во Кина и покрај противењето на тајванскиот претставник во Јужна Африка.

Според него, кениската полиција употребила огнено оружје и солзавец, за да ги присили Тајванците да влезат во кинескиот авион, во кој тие не сакале да се качат.

Претставник на Министерството за надворешни работи во Најроби, изјави дека „протераните (Тајванци) допатувале од Кина и се вратени во Кина“.

По повод овој инцидент, официјален Тајпеј ја обвини Кина за „бесправно киднапирање“ на луѓе, но владата во Пекинг ја поздрави постапката на кениските власти и ја пофали Кенија за придржување кон политиката за „една Кина“.

По завршувањето на кинеската комунистичка револуција во 1950 година, националистичките сили побегнаа на Тајван каде прогласија влада на „Република Кина“, наспорити валсрите на Наросна Република Кина во Пекинг.  Пекинг го смета Тајван за „одмената територија“, која мора да се обедини со матичната земја.

Кина инсистира дека странските држави не може да имаат дипломатски однсои со Тајван, па многу малку држави во светот имаат дипломатски врски со владата во Тајпеј.

Тајвнските власти немаат формални односи ниту со Кенија, но Владата во Најроби, сепак, прифаќа туристи и посетители од Тајван, сметајќи го островот како „одметнат дел“ од Кина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени