Тајмс: Велика Британија повеќе не може да се смета за христијанска земја

Од:

Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја, според три четвртини од свештениците на англиската црква, според истражувањето на лондонски Тајмс.

На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле дека Британија денес може да се опише како христијанска земја.

Од друга страна, речиси две третини (64,2 отсто) сметаат дека Британија може да се нарече христијанска земја, „но само историски, не моментално“, додека 9,2 отсто од испитаниците одговориле со „не“.

Податоците од пописот од 2021 година покажуваат дека процентот на луѓе кои се идентификуваат како христијани во Англија и Велс падна под половина за прв пат, на 46,2 отсто, со истовремен пораст на бројот на оние кои велат дека се „нерелигиозни“, сега на 37,5 отсто.

Истражувањето исто така откри дека повеќето свештеници сакаат црквата да одобри истополови венчавки и да се откаже од своето противење на предбрачниот и геј сексот.

Повеќе од 53 отсто од анкетираните свештеници поддржуваат дозволување црковни венчавки за истополови парови. Епископите, во исто време, размислуваат да дозволат свештениците да вршат граѓански венчавки.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“