Тајмс оф Индиа: Кето диетата го намалува ризикот од Ковид-19

Од:

Кетогената диета го намалува ризикот од Ковид-19, а во случај на инфекција може да ги спречи нејзините тешки форми, објави „Тајмс оф Индија“.

Во студија објавена во списанието „Translational Medicine“ експертите истакнуваат дека малата содржина на јаглени хидрати во исхраната ги намалува мастите и „лошиот“ холестерол во организмот и ја стабилизира количината на шеќер во крвта.

Експериментите покажуваат дека оваа диета го зголемува нивото на кетонски тела во крвната плазма, кои го контролираат оксидативниот стрес во организмот и имаат антиинфламаторно дејство.

Кетогената диета може да помогне во зголемување на бројот на клетки кои пренесуваат рецептори на Т-лимфоцити кои имаат имуномодулаторно и антиинфламаторно дејство.

Таквиот режим на исхрана може да го подобри функционирањето на адаптивните имунолошки клетки и да ги намали ризиците поврзани со Ковид-19, посочува „Тајмс оф Индиа“.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски