„Тајмс“: ДУП се заканува со напуштање на преговорите со ториевците на Меј

Од:

Северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) се заканува дека ќе ги напушти преговорите со британската Конзервативна партија околу обезбедувањето парламентарна подршка за малцинската влада на премиерката Тереза Меј, пишува лондонски „Тајмс“.

Функционер на партијата изјавил дека во ДУП владее незадоволство од досегашниот тек на преговорите, а посебно од односот на британските ториевци кои „покажуваат малку респект“ кон партијата.

Во партијата на унионистите протестанти од Северна Ирска, која важи за поконзервативна и од британската Конзервативна партија, велат дека ториевците на нив гледаат како на партија која „добила награда“ со самото тоа што се најде во ситуација да биде „потпора“ на Владата на Меј.

Преговорите траат многу подолго отколку што тоа се очекуваше и наидуваат на остро противење на сите други партии во Белфаст и на Владата во Даблин, кои стравуваат дека ќе се нарушат одредбите на спогодбата од Велики Петок од 1998 година, но исто така и од ториевците во Шкотска, Англија и Велс.

Поранешниот британски козервативен премиер Џон Мејџор изрази загриженост од договор со ДУП.

Мејџор предупреди на опасноста да се наруши независната позиција на Лондон кон мировниот процес во Северна Ирска, затоа што британската Влада, заедно со ирската, ја имаат улогата на мониторинг и посредништво во мировниот процес започнат пред 19 години.

Лондонските весници пишуваат дека Меј која првпат по повеќе од 40 години прифати ситуација да се одржи говор на кралицата, иако таа нема обезбедено мнозинство, сега се соочува со немањето гаранции дека не може да формира влада која ке биде способна да опстане.

Некои проториевски медиуми откриваат дека Меј би можела да се откаже од ДУП, за сметка на обзебедување подршка од партијата Либерални демократи.

Досегашниот лидер на Либерлните демократи, Тим Фарон, кој е против какво било поврзување со ториевците, поднесе оставка по изборите. Најверојатниот нов лидер, 74-годишниот Винс Кејбл наводно не ги дели истите ставови на Фарон, особено што тој беше и министер во коалициската влада на конзервативецот Дејвид Камерон и либералдемократот Ник Клег, меѓу 2010 и 2015 година.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија