„Тајмс“: Балтичките држави бараат распоредување на своја територија на неколку илјади НАТО војници

Од:

Балтичките држави ќе распоредат во регионот на постојана основа неколку илјади војници на НАТО со цел одвраќање на евентуална закана од надвор, пишува денеска британскиот весник „Тајмс“, пренесува ТАСС.

Според весникот, министрите за одбрана од Латвија, Литванија и Естонија веќе имаат подготвено соодветно барање до Високиот командант на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав.

Пораката содржи барање за формирање на нова единица, слична на Берлинската бригада, распоредена во Западна Германија за време на студената војна, изјави за весникот генерал Рихо Терас, командант на естонските воздухопловни сили.

– Во секоја балтичка држава ќе биде распореден по еден баталјон и уште еден баталјон се предвидува да има во Полска, нагласува Терас за весникот „Тајмс“.

Според Терас новата формација ќе обезбеди учество на сите земји во еден конфликт, веќе истиот ден кога тој ќе започне. – Сега сојузниците нека донесат одлука, истакна естонскиот генерал, изразувајќи убеденост дека предлогот ќе биде прифатен.

Би можело да ве интересира

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија