Тајландски министер сака да ги протера странците кои не носат маски

Од:

Тајландскиот министер за здравство изјави дека сите странци кои одбиваат да носат маска против ширење на коронавирусот треба да бидат „исфрлени од земјата“.

Тие странски туристи – тоа треба да им се каже на амбасадите и на тајландскиот народ – одбиваат да носат маски, рече Анутин Чарнвиракул откако делеше маски на улица во Бангкок.

Кога им даваме маски, не ги земаат. Со таквото однесување, тие треба да бидат исфрлени од Тајланд, рече тој.

Воопшто не покажуваат дека се загрижени за ситуацијата. Кинескиот народ, Азијците – сите ги прифаќаат поделените маски за лице. Но, Европејците – тие се неверојатни. Како знаат дека тие не го шират вирусот, додаде министерот за здравство.

Анутин подоцна се извини на Фејсбук.

Жал ми е што денеска изгубив трпение со некои странци од Европа, кои одбија да носат маски.

Тие не соработуваат со тоа што не ги носат, додека ние работиме на тоа да го спречиме ширењето на коронавирусот во Тајланд, напиша тој.

Тајландските власти повторно истакнаа дека хируршките маски се ефикасна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски