Тајфунот Бофа на Филипини однесе 1.020 животи

Од:

Тајфунот Бофа до сега на Филипините однесе 1.020 животи, а се стравува дека оваа бројка значително ќе нарасне, соопшти денеска владата.

Најмногу жртви се регистрирани на островот Минданао, каде е нанесена и најголема материјална штета, рече шефот на цивилната одбрана Бенито Рамос.

Како исчезнати се уште се водат 844 лица, од кои половината се рибари, додаде Рамос. Тој изјави дека стравува дека повеќето од нив се веќе настрадани.

Тајфунот Бофа е најсилниот што годинава ги поводи Филипините, потсетуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи