„Тајфуни“ бараат руски авиони

Од:

Борбени авиони на британските воздухопловни сили РАФ „тајфуни“ полетале откако биле забележани руски воени авиони во близина на воздушниот простор на Велика Британија.

Министерството за одбрана на Велика Британија оваа вест ја објави неколку часа откако било откриено дека воени бродови на Руската северна флота влегле во англискиот канал пред планираните противвоздушни и противподводни вежби, пренесе „Скај њуз“.

Според наводите на „Интерфакс“, бродовите се стационирани да ги надгледуваат воените вежби во северен Атлантик, додека „ХМС Агрил“ е распореден така што го следи разорувачот и „тајфунот“ кој е испратен од базата на РАФ во Шкотска.

Портпаролот на Министерството за одбрана по повод последниот инцидент рекол дека борбените авиони за брза реакција од типот „тајфун“ се испратени набргу откако руски авиони биле забележани во близина на границата на Велика Британија.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија