СЗО: Во исклучителни околности, може да се пролонгира втората доза од вакцината на Фајзер

Од:

Советничката група на Светската здравствена организација денеска соопшти дека нејзината препорака е двете дози на вакцината на Фајзер/БиоНТек да се примат во интервал од 21 до 28 дена. Сепак, тие посочуваат дека во „исклучителни околности“, може да се даде втората доза, но не подолго од шест седмици по првата.

– Разгледавме и ја дадовме следната препорака: две дози од оваа вакцина во рок од 21 до 28 дена, рече Алехандро Кравиото, претседател на Стратешката советодавна група на експерти за имунизација (САГЕ) на онлајн конференција. Тој потенцира дека вовеле „одредба за земји во исклучителни околности на ограничувања во снабдувањето со вакцини за одложување на администрирање на втората доза за неколку недели со цел да се зголеми бројот на лица кои ќе имаат корист од првата доза“.

Германската фармацевтска компанија „БиоНТек“ претходно денеска предупреди дека не може да гарантира максимален ефект на вакцината против Ковид-19, што ја произведе со американски „Фајзер“, доколку се одложи втората доза со што временскиот интервал помеѓу двете дози би бил подолг од пропишаните три недели.

Велика Британија предизвика контроверзии оваа недела објавувајќи дека планира да ја одложи втората доза на вакцината до 12 недели со цел повеќе луѓе да ја добијат заштитата предвидена со првата доза, а сега и Германија ја разгледува таа можност.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски