СЗО: Вирусот зика предизвикува и невролошки нарушувања

Од:

Последниве недели забележан е пораст на невролошките нарушувања во неколку земји во Латиснка Америка, во кои е регистрирана епидемија на вирусот зика, соопшти денеска Светската здравстевна организација (СЗО).

Во редовниот неделен извештај на СЗО, објавен во Женева, се посочува дека во Бразил, Колумбија, Салвадор, Суринам и Венецуела се регистрирани зголемен број случаи на невролошкото нарушување Гилен-Бераеов синдром (ГБС), кој може да предизвика времена парализа.

Според СЗО, причината за растот на бројот на случаи на ГБС во овие земји засега не е позната, но најверојатно е поврзан со ширењето на вирусот зика, кој го пренесуваат комарците.

– Појавата на синдромот во овие земји доаѓа во исто време со ширењето на некои вируси, како што се зика, денга и чикунгуња, наведува СЗО во извештајот.

Според податоците на Организацијата, случаи на лица инфицирани со вирусот зика досега се регистрирани во 33 земји ширум светот, од кои најголемиот број во Јужна Америка и Карибскиот регион.

Како последица на епидиемијата на вирусот зика на американскиот континет е регистиран и пораст на случите на микорцефалија, ретко нарушување при кое се раѓаат деца со помали глави и мозоци од вообичаните.

Во случаите на појава на микроцефалија кај новороденчињата е утврдено дека нивните мајки биле инфицирани со вирусот зика во текот на бременоста.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски