Светската здравствена организација следната недела ќе почне да ја разгледува можноста за одобрување за итна употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошничката на генералниот директор на СЗО, Маријанџела Симао.
Симао исто така рече дека СЗО размислува да издаде одобрение за итна употреба за вакцините на АстраЗенека, произведени во Јужна Кореја и Индија.
Кина потпиша договори за извоз на милиони дози вакцини развиени од нејзините компании Синофарм и Синовак.