Најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека првпат оваа година дошло до зголемување на бројот на заболените од ебола во најзагрозените африкански земји.
Бројот на новите случаи од ебола е зголемен во трите најтешко погодени држави – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
Податоците на СЗО укажуваат на можноста дека напорите во контролата на епидемијата од ебола сепак немале успех според очекуваното. Досега од смртоносната болест починале повеќе од 8.500 лица.