Само 30 случаи на ебола се регистрирани во Западна Африка во изминатата недела, соопшти СЗО.
Најтешката епидемија од ебола во историјата е причина за смрт на 10.572 лица од вкупно 25.515 инфицирани откако почна да се шири во декември 2013 година.
Бројот на новорегистрирани случаи е на најниско ниво за речиси една година.
Ситуацијата е особено подобрена во Либерија каде нема соопштено за нови случаи во неделата до 5 април и во Сиера Леоне каде новите случаи се намалени петта недела по ред.
Во Гвинеја има 21 нов случај.
СЗО свикала оваа недела средба на независни експерти за да одлучат дали епидемијата од ебола се уште е „итна ситуација за јавното здравје од меѓународен интерес“, за каква беше објавена на 24 август.