СЗО регистрира пад на новите случаи на Ковид-19 во светот

Од:

Бројот на нови случаи на Ковид-19 во светот и во текот на изминатата недела продолжи да опаѓа, кога на глобално ниво беа пријавени 3,6 милиони нови инфекции, во споредба со четири милиони новозаразени претходната недела, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Минатонеделниот пад на новозаразените случаи е прво значително намалување за повеќе од два месеци. Бројот на нови случаи на Ковид-19 е намален во секој регион во светот.

Во најновиот извештај за пандемијата објавен вчера, СЗО соопшти дека најголем пад на бројот на нови случаи е забележан во два региони – 22 проценти на Блискиот Исток и 16 проценти во Југоисточна Азија.

Здравствената агенција на ОН изјави дека минатата недела имало нешто помалку од 60.000 смртни случаи од коронавирус, што е за седум проценти помалку од претходната недела. Југоисточна Азија објави пад на бројот на починати од Ковид-19 од 30 проценти, а регионот на Западен Пацифик за седум проценти.

Најголем број нови случаи на инфекција се пријавени во САД, Индија, Велика Британија, Турција и Филипините.

СЗО соопшти дека делта сојот, што се шири побрзо, сега е регистриран во 185 земји и е присутен во секој дел од светот.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа