Бројот на заразени од коронавирус во светот се зголеми во текот на минатата недела за речиси пет милиони, што е рекорден број за една седмица од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Како што е наведено, од 4 до 10 јануари во светот се регистрирани 4.953.758 нови случаи, а во истиот период починале 85.436 лица.
Претходниот седумдневен рекорд е забележан од 14 до 20 декември, кога бројот на новозаболени изнесувал 4.612.790.
Во текот на минатата недела во Северна и Јужна Америка е потврден најголем број на новозаразени случаи, 2,5 милиони, а починале 38.000 пациенти. Европа забележи 1,8 милиони нови случаи на Ковид-19 и 36.000 починати.