СЗО: Пандемијата е во „критична фаза“ во Азиско-пацифичкиот регион

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека пандемијата си Ковид-19 во Азиско-пацифичкиот регион е во „критична фаза“ и сега мора да се стори се’ за да се ограничи преносот, за да се избегнат појавувања на поопасни варијанти, пренесе ДПА.

Такеши Касаи, регионален директор за Западно-пацифичкиот регион на СЗО, истакна дека „нагло расте“ бројот на случаи на зараза и на смртни случаи од Ковид-19 во земјите од Азиско-пацифичкиот регион, главно поради многу заразната делта варијанта на коронавирусот.

Во првите три недели од август, регионот учествуваше со 10 проценти од глобалните случаи на Ковид-19 и повеќе од осум проценти од глобалните смртни случаи.

-Во оваа критична фаза на пандемијата, дозволете да го задржиме курсот работејќи заедно, рече Касаи на онлајн прес -конференција.

„Во наша моќ е да ја намалиме заканата од вирусот со тоа што ќе ја искористиме максимално секоја алатка за да се бориме против него уште денеска“.

Со појавата на притисокот од зарази во неколку земји во регионот, во следните месеци се можни две сценарија, рече Касаи.

Првото сценарио е ризикот од Ковид-19 да се намали и да може да се управува како сезонски грип или како другите зарази што се превенираат со вакцини, превентивни мерки и кратки целни мерки против нивно избувнување, рече тој.

-Второто сценарио е кога другите поопасни варијанти можат да се развијат, варијанти кои се шират уште полесно, предизвикуваат потешки болести или се отпорни на постоечките вакцини, рече тој.

„Ова сценарио и сите поврзани здравствени, социјални и економски трошоци се …тоа што сакаме да го избегнеме, доколку е можно“, додаде Касаи.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа