СЗО: Пандемијата би можела за биде окончана наредната година

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) е оптимистична дека вонредната глобална здравствена состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот може да заврши во 2023 година.

„Се надеваме дека следната година ќе можеме да кажеме: Ова повеќе не е пандемија“, изјави денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Иако додаде дека „вирусот е тука да остане“, тој истакна дека светот сега има алатки – вакцини, лекови и кодекс на однесување – да се справи со него. „Бројот случаи на Мпокс, како што се преименувани мајмунските сипаници, исто така е намален за повеќе од 90 отсто и веќе некое време нема случаи на ебола во Уганда“, рече Гебрејесус.

Гледајќи напред кон 2023 година, шефот на СЗО рече дека „има многу причини за надеж и многу причини за загриженост“. Меѓу другото, ја спомена и гладта, особено во Африка, лошите санитарни услови на многу места во светот, нездравата исхрана, маларијата, туберкулозата.

СЗО не може да објави дека пандемијата „завршила“. Терминот пандемија дури и не фигурира во Меѓународните здравствени регулативи (IHR) на СЗО. СЗО може само да ја укине „вонредната состојба за јавното здравје поради меѓународна загриженост” што беше прогласена кон крајот на 2020 година поради коронавирусот.

Целта на прогласувањето вонредна состојба е да се разбудат владите да преземат заштитни мерки и да соработуваат. Меѓутоа, секоја земја наметнува услови посебно. Укинувањето на мерките против коронавирусот во Германија, на пример, не е условено со укинувањето на вонредната состојба од страна на СЗО.

Што се однесува до порастот на бројот заразени лица во Кина, директорот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан, рече дека експлозијата во бројки не е резултат на укинувањето на политиката „нулта ковид“. Тој потсети дека вирусот силно се ширел во Кина и пред да бидат укинати ограничувањата.

„Во моментов постои наратив дека Кина ги укина ограничувањата и одеднаш болеста е надвор од контрола. Но, болеста интензивно се ширеше бидејќи, како што верувам, контролните мерки не успеаја да ја спречат. Верувам дека Кина стратегиски одлучи дека тоа повеќе не е најдобрата опција“, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО