СЗО: Од ебола во западна Африка починаа 137 лица

Од:

Во најновата епидемија на заразната болест ебола, која ја погоди Западна Африка, досега починаа 137 лица, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Болеста, која обично ги погодува централните и источните области на Африка, овој пат се појави во зафрлените шумски области на Гвинеја, како и во соседна Либерија.

Во двете земји здравствените власти идентификуваа над 220 потврдени случаи на ебола или сомнителни случаи, од кои околу 200 се во Гвинеја.

За еболата не постои терапија, ниту вакцина. Болеста предизвикува внатрешно и надворешно крварење. Исклучително е заразна, а заболените се сместуваат во изолирани одделенија.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО