Светската здравствена организација соопшти дека од вирусот ебола до сега починале околу 8.921 лице кои се заразиле во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Најголем број односно 3.710 починати и 8.668 заразени се регистрирани во Либерија.
Во Сиера Леоне од 10.707 инфицирани починале 3,274, а во Гвинеја од 2.959 заразени смртно настрадале 1.937 лица.
Светската здравствена организација во октомври прогласи крај на епидемијата од ебола во Сенегал и Нигерија а во ноември и во Демократска Република Конго.
Е.Г.