Светската здравствена организација регистрирала од 30 април во Западна Африка пет смртни случаи од ебола и 49 случаи на заразување со вирусот.
Од болеста починале 10.895 луѓе и 26.339 се заразени од почетокот на смртоносната епидемија во Западна Африка.
Најголем број смртни случаи – 4.608 се регистрирани во Либерија. Бројот на инфицирани е највисок во соседна сиера Леоне – 12.426.