Вакцина против вирусот ебола, разработена од британската лабораторија ГСК, уште следниот месец може да биде цел на клинички испитувања и, доколку тие бидат позитивни, таа може да стане достапна во текот на 2015 година, во интервју соопшти Жан-Мари Окво Беле, директорот на одделот за вакцини и имунизација на Светската здравствена организација.
-Клиничките испитувања се очекува да почнат во септември, прво во САД, и, се разбира, во една африканска земја, затоа што таму има најмногу заболени, прециизра Жан-Мари Окво Беле, цитиран од француските медиуми.
На прашањето какви се перспективите вакцината да биде пуштена во трговската мрежа, Окво Беле изрази оптимизам и посочи дека на крајот на годината „веќе може да ги има првите резултати“.
Во меѓувреме нигерискатата престолнина Лагос повика доброволци да се вклучат во борбата против епидемијата од ебола, која доведе до просгласување на вонредна состојба во оваа најнаселена африканска земја, со население од над 170 милиони.