СЗО: Нов дневен рекорд во светот – над половина милион луѓе заразени со коронавирусот за еден ден

Од:

Во светот во изминатите 24 часа биле регистрирани повеќе од 581.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.

Повеќе од 50 проценти од новозаболените лица се од Европа.

Во исто време, бројот на смртни случаи се зголемил за речиси 8.000 и достигнал 1,2 милиони.

Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци обезбедени од државите.

Повеќе од 50 проценти, или 297.295 нови случаи, се регистрирани во Европа, потоа во Јужна и Северна Америка, околу 158.000, додека повеќе од 56.000 нови случаи се потврдени во Југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа