Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди денеска дека светот се соочува со недостиг на заштитна медицинска опрема, мантили, маски и ракавици.
– До шест часот утрово по средноевропско време, регистрирани се 31.211 потврдени случаи на заболени од коронавирус во Кина и 637 починати, изјави Гебрејесус.
Тој потврди дека во последните два дена во Кина има помалку инфицирани, оценувајќи дека тоа е добра вест. Сепак директорот на СЗО предупреди дека тие бројки не се доверлив показател и постои можност за нова ескалација.