СЗО: Над 340 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот

Од:

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе. Ова го соопшти Светската здравствена организација.

Според информациите од вчера Светската здравствена организација добила податоци за вкупно 340.543.962 заразени и 5.570.163 починати.

Најголем број заразени со Ковид-19 е регистриран на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се идентификувани 3.933.319 случаи. Најголем број потврдени случаи има во САД – речиси 68,2 милиони.

Следува Индија со 38,6 милиони случаи, потоа Бразил (23,4 милиони), Британија (15,6 милиони) и Франција (15,2 милиони). Најголем број починати од Ковид-19 има во САД (852.334 лица), потоа Бразил, потоа Индија, Русија и Мексико.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски