Повеќе од 26.000 луѓе се заболеле од ебола од почетокот на епидемијата, од кои 10.823 починале, соопшти Светската здравствена организација.
Минатата недела регистрирани се 33 нови случаи, од кои 21 во Гвинеја и 12 во Сиера Леоне.
– За да се ограничи ширење на епидемијата потребен е посериозен ангажман од страна на меѓународната заедница и да се подобрат можностите за рано откривање на болеста, се посочува во соопштението на СЗО.