Над 10.000 лица досега починале од вирусот на ебола и речиси сите се во Западна Африка, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Три најтешко погодени земји се Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија, каде се забележани 24.350 случаи на заболени и 10.004 смртни случаи од епидемијата која почна пред повеќе од една година, се наведува во соопштението.
Регистрирани се шест смртни случаи во Мали, осум во Нигерија и еден во САД, откако во тие земји е прогласен крај на епидемијата на ебола.
Масовниот меѓународен напор да се искорени смртноста на болеста ја забави стапката на инфекцијата, посебно во Либерија, но вирусот е вкоренет во делови на Гвинеја и Сиера Леоне.