СЗО: МЕРС се уште не претставува глобална опасност

Од:

Епидемијата на Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) во Јужна Кореја покажува дека таа болест може да погоди некоја земја во било кое време, но се уште не претставува глобална опасност, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Во соопштението, објавено по состанокот на комитетот кој се занимава со проблемот МЕРС, СЗО наведува дека не се создадени услови кои укажуваат дека таа болест треба да биде предмет на меѓународна загриженост.

– Оваа епидемија е предупредување и покажува дека сите земји во секој момент треба да бидат подготвени за неочекувана можност од појава на епидемија од било која друга посериозна инфективна болест, нагласува СЗО.

Во Јужна Кореја досега од последици на МЕРС починале 20 лица. Со вирусот се заразени 162 лица, а повеќе од 6.500 се во домашен карантин или во здравствени установи во Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа