СЗО: Ковид-19 сè уште е итен здравствен проблем

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека Ковид-19 останува глобална вонредна состојба, речиси три години откако првпат беше прогласена.

На 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи вонредна состојба поради Ковид-19. Таквата одлука помага да се забрзаат истражувањата, финансирањето и меѓународните јавно-здравствени мерки за борба против болеста.

Агенцијата на ОН соопшти дека иако случаите во последниве месеци се намалуваат во делови од светот, земјите сè уште треба да бидат внимателни и да настојуваат да се вакцинираат најранливите групи жители.

– Иако јавната перцепција е дека пандемијата заврши во некои делови од светот, таа и понатаму останува јавно-здравствен настан кој продолжува негативно и силно да влијае на здравјето на светската популација, соопшти Комитетот на СЗО.

Се истакнува дека иако бројот на неделни смртни случаи е најмал од почетокот на пандемијата, тој сè уште е висок во споредба со другите вируси.

– Оваа пандемија и претходно нè изненади и многу веројатно е дека тоа може да се повтори, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа