Епидемијата на новиот коронавирус ја достигна „клучната точка“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус, и ги повика сите земји во светот да ги зголемат своите напори со цел ефикасно спречување на ширење на вирусот.
„Вирусот има потенцијал на пандемија. Сега не е време за страв, сега е време за преземање акции како да се спречи инфекцијата и да се спасат животи“, рече Гебрејесус.
Претставници на СЗО посочија дека соработуваат со организаторите на Олимписките игри во Токио и истакнаа дека не веруваат дека наскоро ќе биде донесена одлука за одржување на игрите, што треба да почнат кон крајот на јули годинава.