СЗО ќе ја преиспитува ефикасноста на вакцината на компанијата „АстраЗенека“

Од:

За вакцината на Универзитетот Оксфорд и шведската компанија „АстраЗенека“ ќе се расправа на денешната панел дебата што ја најави Светската здравствена организација, откако Јужна Африка донесе одлука да го запре користењето на оваа вакцина.

Истражување во кое биле вклучени околу 2000 пациенти покажало дека оваа вакцина обезбедува „минимална“ заштита од инфекцијата со новиот сој коронавирус што првпат беше откриен во Јужна Африка, забавувајќи ја глобалната борба против пандемијата.

СЗО додава дека овој проблем многу посиромашните земји ги оддалечи од вакцинирањето со препаратот на „АстраЗенека“, што има логистичка предност во однос на конкуренцијата бидејќи не мора да се чува на многу ниска температура.

Јужна Африка набави 1,5 милиони вакцини од „АстраЗенека“, на кои рокот им истекува во април, но ќе бидат зачувани се додека научно не се утврди како точно делува препаратот.

Портпаролот на шведската компанија изјави дека нивниот истражувачки тим напорно работи на корекцијата на вакцината, за таа да биде ефикасна против новиот јужноафикански сој на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски