СЗО ја проценува големината на опасноста од еболата

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска зад затворени врати почна дводневно итно заседание по повод ширењето на треската „ебола“ во земјите од западна Африка.

На оваа итна средба агенцијата на ОН ќе одлучува  дали појавата на ова вирусно заболување претставува „вонредна ситуација во областа на јавното здравје со меѓународно значење“.

Во работата на вонредиот самит, што се оддржува во форма на телефонска конференција, учествуваат петнаесетина експерти на Организацијата, како и претставници на земјите во кои од почетокот на годината од оваа болест починаа над 900 лица.

Извори од Организацијата посочуваат дека не се очекува заклучоците и одлуката да се донесат до петок, нагласувајќи дека досега СЗО не издала препораки на глобално ниво – како што се ограничување на патувањата или трговијата, поврзани со појавата на вирусот, што беше регистриран во Гвинеја, а потоа се прошири и во Либерија, Сиера Леоне и Нигерија.

Меѓутоа, нивото на загриженост поради болеста го покажува токму закажувањето на итната седница на СЗО, бидејќи таквите консултации се релативно ретка појава во оваа Организација.

Бројот на жртви од оваа смртоносна болест, за која не постои вакцина, во западна Африка до 4 август достигна 932, а уште 1.603 се заразени.

Најголемиот број жртви од болеста, која се пренесува со контакт со телесни течности на заболениот, има во Гвинеја, каде во изминативе осум месеци се регистрирани 358 починати и 485 се инфицирани, а потоа следуваат Сиера Леоне со 273 починати од ебола и Либерија со 255 жртви.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа