Светската здравствена организација предупреди дека постои „голема веројатност“ да продолжи ширењето на инфекцијата од вирусот зика ширум Азија.
Според западните медиуми, стотици случаи се пријавени во Сингапур, додека два деформитета кај бебиња поврзани со зика се потврдени на Тајланд.
Вирусот, кој го пренесуваат комарците, е откриен во 70 земји ширум светот, од кои 19 се во регионот на Азија и Пацификот.
Зика обично не остава тешки последици, но е опасен кај бремените жени поради деформитети кои можат да бидат предизвикани кај новороденчињата, вклучувајќи и деформитет на мозокот микроцефалија.