СЗО го продолжи времетраењето на глобалната подготвеност поради пандемија

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи за уште три месеци состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, соопштено е после седницата на комисијата за итни прашања на СЗО.

Во соопштението се истакнува дека е донесена едногласна одлука за продолжување на состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, која го загрозува јавното здравје низ целата планета.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ја прифати препораката на комитетот и ова тело најави нова проценка на состојбата за три месеци.

„Пандемија го зафаќа човештвото еднаш во 100 години, а нејзините ефекти ќе бидат почувствувани во децениите што следуваат“, истакна Гебрејесус

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа