СЗО го почна состанокот на кој одлучува за вонредна состојба поради коронавирусот

Од:

Во седиштето на Светската здравствена организација во Женева почна состанок на експерти на кој ќе се одлучи дали СЗО ќе прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на епидемијата на новиот коронавирус, што се шири од Кина.

Независни експерти, од кои 16 се од областа на контрола на болести, вирологија, епидемиологија и развој на вакцини, одржуваат нов состанок зад затворени врати, откако вчера не успеаја да донесат одлука, јави ДПА.

Кинеските здравствени власти направија презентација преку теле-конференција и дозволија тим на Светската здравствена организација да влезе во земјата и да достави извештај до експертски панел.

По проценката дали постојат докази дека вирусот се пренесува од човек на човек и други фактори, експертите ќе испратат препорака до директорот на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус, кој ќе донесе конечна одлука дали да прогласи вонредна состојба.

Ако тоа се случи, ќе биде шести пат да се прогласи вонредна состојба на глобално ниво во последната деценија.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО