СЗО: Еболата се вкорени во Западна Африка

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека вирусот на ебола во моментов е вкоренет во главните градови на трите најпогодени западноафрикански земји и нагласи дека ширењето на епидемијта е забрзано.

Заменик-директорот на СЗО, Брус Ајлвард нагласи дека светската заедница не одговорила во согласност со потребите на Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Тие три земји апелираат на поголема помош во борба со смртоносниот вирус, кој усмрти 3.860 лица, претежно во Западна Африка. Повеќе од 200 здравствени работници се меѓу жртвите на ебола.

Ајлвард нагласи дека сега ситуацијата е многу полоша од пред 12 дена и додаде дека 70 отсто од заразените луѓе дефинитивно умираат од болеста.

Директорката на меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници, Џоана Лиу повика денеска на итна меѓународна акција.

– Ние не победуваме во битката, рече Лиу, нагласувајќи дека е неопходно многу повеќе да се стори од тоа што досега е направено.

Високиот американски функционер Томас Фриден изјави дека епидемијата на ебола во Западна Африка се разликува од сите епидемии од избивањето на вирусот ХИВ.

– За 30 години, колку што сум во здравството, единствена работа слична на ова е вирусот ХИВ, изјави Фриден вчера во Вашингтон.

Светот стравува дека овој смртоносен вирус би можел да се прошири и надвор од Западна Африка, по случаите на инцифирани со вирусот во САД и Европа.

Европската унија објави план за начинот на евакуирање на својот меѓународен персонал од земјите погодени од ебола, во случај да покажат симптоми на болеста.

– Дозите на прототипот на вакцината за ебола, развиени во Канада останаа во земјата, иако и се понудени на СЗО пред речиси два месеци, изјави канадскиот министер за здравство Рон Амброус.

– СЗО се уште не одлучила кога и дали ќе ги дистрибуира, но се надеваме дека ќе може да се употребат, рече Амброус.

Шест американски воени авиони пристигнаа во Либерија, најпогодената западноафриканска земја. Во Монровија пристигнаа дополнителни сто американски војници, со што вкупниот број на американските сили во Либерија достигна 300.

За ова заболување се уште не постои вистински лек или вакцина, но по нив интензивно се трага. Болеста се пренесува со контакт на телесна течност, вклучувајќи и пот, што значи дека за заразување е доволен само допир со заразената личност.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа