СЗО: Еболата се шири, но Европа е добро подготвена за вирусот

Од:

Смртоносниот вирус на ебола речиси неминивно ќе се прошири во Европа, но „стариот континент“ е добро подготвен за тоа, изјави денеска регионалната директорка на Светската здравствена организација (СЗО) Жужана Јакаб.

Само неколку часа откако е потврден првиот случај на заразата во Шпанија, таа изјави дека такви случаи се „неизбежни“.

Четири лица, вклучувајќи медицинска сестра на која и е потврдено присуството на вирусот ебола, се хоспитализирани и нивната состојба ќе биде следена, поради страв дека би можеле да ја пренесат заразата, соопштија претходно шпанските здравствени власти.

– Таквите случаи најверојатно ќе се случуваат и во иднина, рече Јакаб и истакна оти тоа е неизбежно, бидејќи многу луѓе од Европа патуваат во погодените земји и обратно.

Според неа, најголем ризик да заболат имаат здравствените работници кои се грижат за пациентите, како и нивните семејства.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО